Евакуација на ученици во неколку општини – МВР врши проверки

Неколку училишта во Скопје утринава беа евакуирани поради дојави за поставени бомби.

Според првичните информации, евакуација била извршена во основното училиште „Петар Здравковски“ во Бутел, како и во ОУ „Киро Глигоров“, каде што учениците неофицијално биле вратени дома.

Дојави за експлозивни направи имало и во средните училишта „Јосип Броз Тито“ и „Раде Јовчевски-Корчагин“, како и во шест училишта во општина Аеродром.

Изјава од градоначалникот на Аеродром

Градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, изјави за СДК:

  • „Утрово во шест школи имаше дојави за бомби. Учениците се веднаш евакуирани, изнесени од школите. Тимови на МВР прават проверки. Веднаш штом ќе завршат проверките и добиеме потврда дека училиштата се безбедни, наставата ќе продолжи“.

Наставата продолжена во некои училишта

Како што пренесува МИА, во дел од училиштата, по завршените проверки од страна на МВР, наставата е веќе продолжена.

Дојавите за бомби во македонските училишта започнаа во 2022 година.

Што содржи новиот протокол во случај на дојави за бомби во училиштата?

Тогаш се изготви и новиот протокол за евакуација.