Доктор Андон Чибишев секогаш со добронамерни и потребни совети до македонските граѓани. Сега апелира на особена внимателност при собирањето и консумацијата на диви печурки.
Докторот оценува дека една несакана грешка може да доведе до страшна трагедија.
-Социјалните мрежи повторно се преплавени со слики од наши сограѓани кои постираат кошници полни со диви печурки кои се веројатно собрани во природа. Апелирам и замолувам за крајна внимателност при собирањето и консумацијата. Една несакана грешка може да доведе до страшна трагедија, истакнува Чибишев.
