Негативната стапка на раст започна од вториот квартал 2020 година. Според статистика лани во првите три месеци во време на пандемијата БДП остварил позитивен раст од 0,2проценти. Следниот втор квартал домашната економија влегува во рецесија и бележи негативна стапка од дури -12,7 отсто.Третиот квартал падот изнесува -3,3 отсто, додека во последното тримесечие БДП изнесувал -0,7 проценти.
Негативната стапка продолжува и во 2021 година првиот квартал со -1,9 проценти пад.Инаку, во првото тримесечје од 2021 година, пораст е забележан во секторите: Ѓ – Градежништво од 1.7 %, Ј – Дејности во врска со недвижен имот од 0.5 % и А – Земјоделство, шумарство и рибарство од 0.3 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2021 година, номинално расте за 1.8 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 65.5 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 18.3 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 11.2 %.
Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2021 година бележат опаѓање во делот на промената на залихите.