Според весникот, изјавата на поранешниот шеф на државата е одговор на говорот на Џо Бајден пред Конгресот во средата, по неговите први 100 дена како претседател на САД.
Во написот се забележува дека по говорот на Бајден, сенаторот од Јужна Калифорнија, Тим Скот, веќе го изразил официјалниот став на Републиканската партија, но Трамп не чекаше долго и договори интервју за неговиот омилен ТВ канал Фокс Њуз.
Во интервјуто тој истакна дека „100 отсто размислува повторно да се кандидира“ и вети дека неговата кампања ќе биде „многу успешна“. Истовремено, тој ги повика своите верни поддржувачи да веруваат во неговото движење „Направи ја Америка повторно голема“.
Поранешниот претседател, исто така, се нарече „татко на вакцините“ и истакна дека заслужува поголемо признание за борбата против коронавирусот во САД. Доналд Трамп го обвини Бајден за „уништување на земјата“ со својата имиграциска политика на границата со Мексико и предупреди дека „убијци“ ја преплавуваат државата