Лос Анџелес лејкерс ноќеска го победија Торонто во домашен натпревар од регуларната сезона на НБА со резултат 131:125.
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го предводеше натпреварот со фантастичен учинок од 45 поени и 15 скока.
Со овој пораз, екипата на Торонто го претрпе својот втор неуспех од почетокот на актуелната натпреварувачка сезона.
На другиот натпревар од НБА-лигата што се одигра во текот на ноќта меѓу недела и понеделник, тимот на Голден Стејт вориорс забележа победа над Лос Анџелес клиперс со 124:112.
