Toj за дипломатијата и на нашата надворешна политика кажа дека македонско-надворешната политика е траги-комедија, како за граѓаните, така и за странските надлудувачи. Затоа тој посочи дека не треба да очекуваме некои изненадување во однос на сегашната посета на Зоран Заев во Брисел, ниту понатаму, ниту претходно.Тој додаде:
– Се што може да направиме ќе направиме на наша штета затоа што едноставно не сакаме да прифатиме дека целиот систем не функционира, не е способен да се соочи со предизвиците кои секоја една држава ги има во меѓународните односи. Тоа или не можат да го разберат или не сакаат да го прифатат, рече Донев.
Донев во своето гостување истакна дека посетата на Заев во Брисел претствувала поправање на неговиот имиџ во државата и немала никаква врска за почеток на преговори.
-Имајте во предвид дека посетата на Заев доаѓа две недели најмногу после посетата на Пендаровски, тоа е комплетно неприфатливо во дипломатијата. Ако претседателот пред две недели бил во Брисел и разговарал со врвните луѓе во Брисел, нема зошто премиерот да оди, едноставно што имало се кажало на тие средби и од тие средби сигурно се циркулирале белешки. Тоа е една работа. Втора работа е нема што ново да се каже, точките за разговор на претседателот и премиерот ги подготвував нашето министерство за надворешни работи, не може вие да смислите нова точка за две недели на премирот, нешто ново да се случило за да тој мора лично да оди. Така да оваа негова посета беше чисто поправање на неговиот имиџ во Република Македонија,немаше никаква врска со преговорите и немаше никаков допринос да даде, а исто така беше адресирана кај луѓе со кои нема за што да се разговара. Брисел не одлучува дали ќе почнат преговори со Македонија или нема да почнат, одлучуваат земјите членки на ЕУ, додаде Донев.