Бугарија не сака да се меша во внатрешните работи на Република Северна Македонија. Уставните измени и носење други закони секоја држава треба да ги решава согласно внатрешната практика. Не е точна интерпретацијата дека ние сме сакале да учествуваме во тој процес, изјави бугарскиот технички премиер Галаб Донев во интервју за бТВ.
Донев, како што пренесе БТА, потсети дека земјава презела ангажман да ги вклучи Бугарите во Уставот заедно со сите останати наброени народи, со што, како што рече, ќе им бидат гарантирани нивните права.
Според него, нормално е Република Северна Македонија да ја исполни преземената обврска, којашто не е само кон Бугарија, туку кон сите земји членки на ЕУ.
– Затоа што Република Северна Македонија, потпишувајќи го договорот за присоединување и отпочнување преговори со ЕУ, го потпиша тој договор со сите земји членки, рече Донев.
На прашањето дали Бугарија треба да стави повторно вето на Северна Македонија за членство во ЕУ, Донев рече дека тоа не е најправилното решение, туку треба да се бара позитивен дијалог и патишта за да се приближат позициите.
– Бидејќи Република Северна Македонија има желба да стане членка на ЕУ, треба да ги почитува принципите врз кои се темели Унијата, изјави Донев.
Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков вчера на брифинг за новинари појаснил дека „процесот на промена на Уставот секако е внатрешна работа на Република Северна Македонија“, но, притоа нагласил дека „Бугарија нема да прифати никаква формулација со која на македонските Бугари ќе им се додели статус што на кој било начин е различен од оној