Законски промени и системски пристап во правосудството

Заменик министерот за правда Ален Деребан на денешен настан посветен на транспарентноста во работата на Советот на јавните обвинители истакна дека довербата во правосудниот систем се гради со конкретни мерки, а не со декларативни изјави.

Тој нагласи дека клучен чекор во реформскиот процес претставува носењето на Законот за Советот на јавните обвинители. Според него, токму овој закон носи суштински промени во начинот на функционирање на системот.

„Довербата во правосудството не се гради со декларации, туку со конкретни системски решенија“, истакна Деребан.

Во рамки на промените, тој посочи неколку клучни новини, меѓу кои јасни и транспарентни критериуми за избор, зајакнат мерит-систем, задолжително образложени одлуки и поголема отвореност кон јавноста.

Порака за континуитет на реформите

Деребан порача дека реформскиот процес не смее да запре и дека очекувањата на граѓаните мора да бидат исполнети.

„Реформите не смеат да застанат. Граѓаните очекуваат резултати, а тие резултати мора да ги испорачаме!“, нагласи заменик министерот за правда.