На 22.05.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје, Ј.В.Д.(42) од Скопје пријави дека на 21.05.2026 околу 19:30 часот слушнала тропање на кровот на нејзината куќа на ул.„Ѓорѓи Динката“ во Драчево, а на 22.05.2026 околу 21:00 часот на скали од куќата пронашла зрно од огнено оружје.
Зрното е подигнато за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
