Маж со пиштол бил забележан денеска како протестира во близина на домот на претседателот Џозеф Бајден во Вилмингтон, Делавер, пишува Ројтерс.
Мажот облечен во жолто-портокалов заштитен елек, носел натпис, на која на едната страна пишувало : „Бајденови се криминалци, 20 гранати?! Каде е лаптопот? 10 отсто за големиот“.
На другата страна на натписот пишувало: „Џо има псевдоними?! Роберт Л. Питерс, Робин Вер, ЏРН Вер“.
Демонстрантот поминал покрај група новинари назначени да го следат претседателот и се упатил по улицата кон куќата на претседателот, при што бил следен од возило на тајната служба.
Претседателот пристигнал во Вилмингтон во петокот вечерта и на кратко ќе ја посети Белата куќа во недела попладне пред да отпатува во Њујорк на серија собири за собирање средства и да присуствува на Генералното собрание на ОН.