Делегацијата на Република Македонија попладневно ја посети изложбата на македонскиот уметник Решат Амети, која е поставена во амбасадата на Светата столица.

Решат Амети е роден на 16 мај 1964 година во Гостивар. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. д-р Ана Темкова, а постдипломски студии завршил во 2002 година на Факултетот за ликовни уметности во Приштина, во класата на проф. д-р Реџеп Фери. Амети е меѓународно признаен уметник. Неговите уметнички дела се во сопственост на многу музеи, културни институции и приватни колекции на светски познати личности како добитници на Нобелова награда, светски познати писатели, претседатели на држави.

Македонската делегација денеска претпладнево присуствуваше на аудиенција кај папата Франциск во Ватикан, по што претседателот на Собранието Талат Џафери имаше средба и со државниот секретар на Светата столица кардиналот Пјетро Паролин.