ДУИ и Алијанса за Албанците сè уште без реакција за скандалот поврзан со смртта на Игор Југ

Сè уште нема официјална реакција од ДУИ и Алијанса за Албанците по вчерашниот скандал, кој го предизвикаа партиските членови на овие две партии. Имено, смртта на Игор Југ беше тема за потсмев и злорадост на социјалните мрежи. Фејсбук страницата „Фронт за Албанците“, која е под нивна партиска контрола, отворено „се радува“ на неговата трагична смрт.

(ФОТО) СКАНДАЛ: ДУИ и Алијанса се ситат на смртта на Игор Југ

И покрај бурните реакции во јавноста, ДУИ и Алијанса сè уште не се оградија од ставовите кои беа изразени преку оваа страница, која на тенденциозен начин ја коментираше смртта на Игор Југ, осуденик во случајот „27 април“.

Контроверзната објава која ја предизвика бурната реакција

Првично, ваквиот скандал беше објавен од Радио Лидер, а во продолжение е цитатот кој беше објавен на страницата „Фронт за Албанците“:

„Кога странец ќе ти се одмазди… Оние кои сакаа да го умре Зијадин денеска еден по еден ги праќаат во затвор! Не копајте дупка за некој друг, или сами ќе паднете во неа! Зијадин Села, уживај во духовно задоволство!“ – стои во нивната објава на албански јазик.

Фејсбук објава на страницата од ДУИ и Алијанса за Албанците
Фејсбук објава на страницата од ДУИ и Алијанса

Од останатите објави на страницата може да се забележи дека редовно пласираат омраза кон Македеонците. Пример за тоа се објавите против актуелни функционери и премиерот Мицкоски. Детално сите нивни објави може да ги видите ТУКА.

Кој беше Игор Југ?

Игор Југ беше 54-годишен осуденик во случајот „27 април“, каде што доби 12-годишна затворска казна. Вчера, додека ја издржуваше казната, почина од масивен срцев удар, пред да ја дочека својата слобода.

(ФОТО) Последните пораки отвораат дилеми: Игор Југ ја предвидел сопствената смрт!?

Случајот продолжува да предизвикува контроверзии, а јавноста очекува официјални реакции од засегнатите политички партии.