Прашан од водителот на емисијата дали ќе го поддржи Наим Синани во вториот круг, Ибраими одговори со „сигурно да“, Синани исто така вети дека ако не оди тој во вториот круг, тогаш ќе го подржи кандидатот на ДУИ, Ибраими.

Инаку во Арачиново во трката за градоначалник учествуваат тројца кандидати: актуелната градоначалничка, Миликије Алими од СДСМ, како и Ридван Ибраими од ДУИ и Наим Синани од коалицијата Алијанса-Алтернатива.