ДУИ со најголема загриженост ја следи одлуката на Јавното обвинителство да покрене обвинение против поранешните министри за економија, Крешник Бектеши и Валон Сарачини, во врска со случајот „Кочани“.
Во продолжение соопштението
Оваа селективна правда и јасно политички мотивирана акција претставува уште еден доказ дека обвинителството ја изгубило својата независност. Станало инструмент за политички прогон и изборен инженеринг.
Целта е јасна, велат од ДУИ
Директно влијание врз локалните избори. Замолчување на критичките медиуми преку таргетирање на истакнати и гласни личности од албанската заедница.
Постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“ запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри
Обвинителството целосно ја изгуби својата веродостојност со тоа што ги штити функционерите на владата. Истовремено соработува со неформални центри на моќ за да конструира случаи против поранешни министри и политички неистомисленици.
Јавното обвинителство, со оваа одлука, и официјално е декларирано заробено.
ДУИ ќе ги преземе сите демократски и политички чекори за да го заштити гласот на Албанците, интегритетот на изборниот процес и принципите на правдата и правната држава.
Повикуваме на итна реакција од меѓународната заедница, особено од институциите што ја следат реформата на правосудниот систем, да не молчат пред очигледната злоупотреба на институциите за политички цели.
Извор: 24 мк