Инфлацијата во Данска се искачи на највисоко ниво од мај 1985 година, покажаа прелиминарните податоци, кои денеска ги објави данската статистичка служба.
Индексот на потрошувачките цени се зголеми за 5,4 отсто на годишно ниво во март, по растот од 4,8проценти во февруари. Оваа инфлација беше највисока од мај 1985 година, кога цените се зголемија за 5,4 отсто, јави ДПА.
Без енергија и свежа храна, базичната инфлација се зголеми на 3,2 отсто во март од 2,7 отсто во претходниот месец. Трошоците за транспорт пораснаа за 10,2 проценти на годишно ниво во март, а цените за домување, електрична енергија и парно се зголемија за 7,0 отсто.
Цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемени за 6,3 проценти, а на рестораните и хотелите за 5,8 отсто. На месечна основа, потрошувачките цени во март пораснаа за 0,6 отсто.
Мерката на ЕУ за усогласен индекс на потрошувачки цени или HICP се зголеми за 6,0 отсто во март, по растот од 5,3 проценти во претходниот месец. На месечна основа, ХИЦП во март порасна за 0,7 отсто.