Основачот на социјалната мрежа Телеграм, Павел Дуров, кој беѓше уапсен веднаш по слетувањето во Париз, при распитот во полиција кажал дека на денот на апсењето требало да се сретне и да вечера со францускиот претседател Емануел Макрон, пишува францускиот истражувачки весник „Le Canard Enchaine“, повикувајќи се на извор од Елисејската палата.
Од Кабинетот на Макрон, веднаш ја демантираа ваквата инфортмација, но лидерот на партијата Француски патриоти, Флоријан Филипот, излезе со став во јавноста во кој изразува дека е уверен оти Макрон е сосема способен за таква измама за да ја исполни мисијата „од своите сопственицит“ и побара објаснување од него.
Филипот го обвини Макрон дека го искористил апсењето во обид да ја замолчи слободата на говорот.