Два семјотреси со помала јачина се забележани ноќеска во Хрватска. Хрватската сеизмолошка служба информираше дека едниот земјотрес бил со епицентар на островот Хвар, а другиот во подрачјето на Петрињa.

-Ноќеска во 02:02 часот сеизмографите во Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа умерен потес со епицентар 12 километри југоисточно од Макарска, во близина на Богомоље на Хвар. Магнитудата на земјотресот изнесуваше 3.3 степени по Рихтер, соопштија од Сеизмолошката служба.

Околу два часа подоцна следувал уште еден потрес на 11 километри западно од Петрињa. Магнитидата на потресот била 3 степени по Рихтер.

Ниеден од земјотресите не предизвикал посериозна материјална штета.