Две лица се убиени и над 20 ранети во напад во клуб во Хајалија во американската држава Флорида.

Тоа го објави на Твитер шефот на полицвијата во округот Мајами-Дејд, Алфредо Рамирес.

– Уште еден акт на насилство во кој е употребено огнено оружје и ранети над 20 лица, и две се убиени, објави тој.

Рамирес додаде дека станува збор за организиран напад.