Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 24-годишник и 20-годишник, двајцата од скопско, пријавиле дека биле измамени од Х.Д. за сума од 923.000 денари и 1.390.000 денари.
Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, Х.Д. ги убедил да инвестираат пари во крипто валути.
Откако решиле да ги подигнат парите и добивката, на 24-годишникот му било кажано дека не може без согласност од Х.Д., додека на 20-годишникот дека мејловите се невистинити, по што и двајцата сфатиле дека се измамени.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
