Основното јавно обвинителство во Гевгелија започна истражна постапка против двајца осомничени за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Според обвинението, на 17 март, двајцата осомничени, по претходен договор, во возило „Волксфаген голф“ со скопски регистарски ознаки пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија. Психотропната супстанција била скриена под хаубата на автомобилот во три пакувања, а вкупната количина на амфетаминот изнесувала 1.491 грама.
Приведен 17-годишник во Скопје – кај него пронајдени 200 пакувања марихуана
Амфетаминот бил пренесуван за трето лице, за кое се трага, по цена од 300 евра. Полицијата го сопрела возилото во близина на наплатната станица кај селото Смоквица, каде што по претходни оперативни сознанија бил извршен претрес, при што била пронајдена наркотичната супстанција.
Исто така, постапка е покрената против девојката на второосомничениот, која не ја пријавила кривичната дејност. Јавниот обвинител поднесе предлог до Основниот суд во Гевгелија за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Извор: Сител