На 15.05.2026 во 12:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„100“ и крак од ул. „100“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(76) и мопед „априлиа“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Куманово, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, додека со телесни повреди се здобил возачот Б.С., констатирани во Општа болница Кумановo.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
