Уставниот суд денеска ќе ја одржи деветтата седница во 2022 година на која на дневен ред се две иницијативи и едно барање за заштита на слободите и правата.
Првата иницијатива, како што известија од Уставен суд, е во врска со Одлуката за превентивни препораки и времени мерки, за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19.
Втората иницијатива која ќе биде разгледана денеска е Решението на Командантот на Воена пошта 4770 Куманово.
Како трета точка на дневниот ред е Барање за заштита на слободи и права поднесено од поранешниот претседател на Основниот Кривичен суд – Скопје, Владимир Панчевски, против пресудите на Основен суд – Велес и Апелационит суд – Скопје.