Во железничка несреќа во Тунис, две лица загинаа, а 30 се повредени, јавија локалните медиуми.
Несреќата се случила вчеравечер кога воз на релација меѓу тунискиот приморски град Сфакс и Тунис излетал од шините.
Здравствените власти соопштија дека во несреќата загинале возачот и неговиот помошник.