Чилеанската теквондистка, Агире, имала два позитивни теста откако во Токио допатувала од Узбекистан. Чилеанскиот олимписки комитет соошти дека Агире здравствено добро се чувствува, но дека нема да може да се натпреварува во Токио бидејќи се соочува со десетдневен карантин, а требаше да го има својот прв настап веќе в недела.

Истовремено, Игрите се завршени и за 31-годишната холандска скет-бордистка, која требаше да се натпреварува во скејт-борд учлични вештини в понеделник.

Претходно, позитивни тестови имаа и јужноафриканските фудбалери, Табисо Мониане и Камолео Малтси, како и чешкиот одбојкар на плажа Ондрех Перушич, но тие се уште може да се натпреавруваат откако ќе им заврши 10-дневниот карантин.

Олимписките игри во Токио почнуваат на 23 јули.