Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов даде свој коментар на изјавата дека Мицкоски рече дека во буџетот за зголемување на минималната плата. По вчерашната изјава на Трендафилов се покажуваат јавно неговите двојни стандарди. Синдикатите беа пасивни во времето на СДС работниците не земаа плата по неколку месеци, затоа немаат кредибилитет да зборат за платите и економијата.

СДС јавно признаа дека го координираат ССМ преку Трендафилов, којшто следи насоки од неговите шефови од Бихачка. Трендафилов кој е ставен од СДС да биде претседател на ССМ, го направи синдикатот партиска прес сала, преку која СДС ги злоупотребува синдикатите и шири лоши економски политики, за кои што граѓаните се доста запознаени, бидејќи за малку не бевме банкротирана држава. Трендафилов е само слеп послушник на лошите економски политики, кои СДС ги претставува преку нивниот партиски синдикат ССМ со кој раководи нивниот пулен Трендафилов. Благодарение на Трендафилов, СДС и ССМ се сега една иста организација, која не му мисли добро на македонскиот народ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Целата изјава може да ја погледнете во продолжние:

ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека го координира ССМ преку Трендафилов кој следи насоки од неговите шефови од Бихачка

Контроверзна изјава на Трендафилов: Доколку нема слух и одлучуваат против нас, тогаш ние ќе одлучиме против нив

На прашањето што доколку на сите овие предлози, сугестии, ниту Владата, ниту работодавачите не излезат во пресрет и дали 600.000 работници ќе излезат на улица, првиот човек на ССМ вели дека секој еден работник доколку смета дека му е потребно зголемување на платата да дојде во синдикатот за „заедно да се избориме“.

„Доколку нема слух и одлучуваат против нас, тогаш ние ќе одлучиме против нив. Излегувањето на улица покажавме дека е најмалиот проблем и тоа може да го направиме и утре. ССМ минатата година кога оваа Влада не беше влада излезе на протсети на 2-ри април, на 7-ми април и на 1-ви мај. Можеби и оваа година може да се случи нешто слично, имајќи предвид дека тие се безобразни кон нас. Ние ќе бидеме два пати побезобразни“, рече тој.

Упати надеж дека Владата ќе направи отстапки.

„Јас се надевам дека Владата знае дека навистина е потребно подобрување на животниот стандард и тоа што охрабрува е тоа што претседателот на Владата го зборува истото што го зборувам и јас, но не се подготвени на одредени отстапки, поради тоа што немале предвидено средства во буџетот, но има начин како без средства во буџетот да добијат дополнителни средства во буџетот. На работодавачите им подадовме рака, дури и нивен беше предлогот 31.500 денари со замрзнување на придонесите. За тоа подадовме рака, па дури и се откажавме од придонесите во период од 12 месеци. Не знам што можеме повеќе од тоа да направиме освен да излеземе на улица“, потенцира Трендафилов.

Трендафилов: Се прави упад во синдикалното работење

Трендафилов вели дека во моментов одредени политички играчи се обидуваат да направат упад во Синдикатот, нешто што е недозволиво.

„Упадот се прави со политичка наредба и тоа се пресликува на локално ниво. Нив треба повеќе да ги загрижува што на локално ниво имаат избори за 5 месеци. Се соочуваме со притисоци од политички играчи со цел да помогнат на друг Синдикат кој е против зголемување на платите, кој сака да го укине општиот колективен договор и кој и ветува на Владата дека ќе прифати се што ќе каже таа“, вели Трендафилов.

Извор: Трилинг