Објавата на Никола Николовски – Боемот ја пренесуваме во прдолжение.

Полагање државна матура во ходник, наместо во училница: Повторно сме сведоци на двојни аршини

Утрово се полагаше државна матура по мајчин јазик (македонски, албански и турски) во средните училишта како првиот од двата задолжителни предмети за екстерно оценување. Оваа година, за првпат досега се полагаше во училишните холови, а не во училници како претходно. Целта е да се намали препишувањето и заедничкото решавање тестови кое беше практика во минатите години.

Предлогот за полагање матура во училишните холови стигнува како реакција на оценувачите по англиски јазик од минатата година кои препознаа преписи во огромен дел од матурските тестови. Тие биле сосема идентични, а тоа придонело за итноста на оваа мерка.

Ја почитувам оваа строгост и сметам дека секој треба да ја добие онаа оцена за која учел. Памтам јас кога полагав матура најголемите „забушанти“ добија петки, а ние кои учевме бевме дефокусирани заради „брат, ај помогни ми за прашањево“. Јас со сите прочитани дела и лектири, одлично владеење граматика и правопис имав послаб тест од оние кои не чепнале книга.

Е сега, како и секогаш сме сведоци на двојни аршини. Според информациите од терен, во македонските училишта имало навистина строгост, но не била истата ситуација и во училиштата каде што се полагало албански или турски јазик.

Се надевам дека на следното полагање кое веќе следува на 8 јуни треба да има ист критериум секаде. Затоа сум среќен што конечно ни се наѕира министер за образование Македонец којшто веројатно ќе обезбеди враќање на истите критериуми за сите ученици.

Боемот 2.0

P.s. Кој е вашиот став на оваа тема? Треба или не треба да се препишува? Како и дали треба да се полага матурски испит?,

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)