Инспекцијата покажала дека станува збор за нетранспарентни процедури и повисоки – двојно и тројно – цени од пазарните. Стандардните практики за се заобиколени, а потпишувањето на договорот, фактурирањето и плаќањата се случиле во рок од еден ден.

-Заедничкиот именител помеѓу овие постапки зборува за крајно нетранспарентно управување во министерството во овој период. Основните процедури и нормативни акти за дејноста на Министерството за здравство не се исполнети, изјави Петров за Бугарското национално радио.