Ако сакал функција, можел да ја има која било. Ахмети нема да се кандидира за Претседател бидејќи тој има друга мисија, рече денеска техничкиот Премиер Талат Џафери.
Господинот Ахмети има мисија а не е претендент за функција колку што знам и мислам дека нема да прифати. Нема потреба тој да покажува кој е и колку е после 50 години свој придонес во нештата во оваа држава и за оваа држава и за граѓаните на оваа држава. Негова мисија е Европа и ЕУ и работи на таа мисија. Не мислам дека му е приоритет натпреварувањето по однос на било која функција. Да сакал функција можел да ја има која сака функција во овие 20 години – рече Џафери.