-Би сакал во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија на сите , да Ви го честитам големиот христијанскиот празник Св. Климент Охридски, празник на основоположникот на црковниот живот во Република Северна Македонија и ревносен ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Неговиот лик и дело е најдобар пример за симбиозата меѓу духовната и просветителската мисија, најдобар пример за тоа како да се допре до срцата и умот на следбениците за да се постават солидни основи за произведување на трајни вредности кои покрај тоа што се значајно наследство за идните поколенија, се и скапоцен дар за светското духовно и просветителско наследство, се наведува во честитката.

Според него, потребно е зачувување на ова наследство.

-Да се обидеме да бидеме достоинствени чувари на тоа наследство и заедно да го збогатиме со сета духовна и просветителска разноликост што го краси нашето општество и што не обединува како граѓани на нашата заедничка држава, Република Северна Македонија добро здравје, мир и радост за Вас и Вашите блиски и сакани.