Покрај Зуб, во составот на украинската делегација беа и Максим Перебијнис, претседател на Поткомитетот за здравствена заштита, Дмитро Наљотов, претседател на Поткомитетот за туризам и одморалишта, Ростислав Палагусинец, заменик на раководителот на Одделот на Кабинетот за обезбедување на меѓупарламентарни односи и други членови.
Џафери откако им посака топло добредојде на членовите на Делегацијата и изрази задоволство за оваа возвратна посета, во ова време погодено со пандемија и строги мерки на претпазливост, што е доказ и потврда дека кога се има волја, се може да се надмине, потврди дека билатералната соработка меѓу нашите две земји е на задоволително ниво и без отворени прашања за соработката на ниво на парламентарните собранија на НАТО, ОБСЕ, Совет на Европа и други меѓународни организации е со меѓусебна поддршка.
Претседателот на Собранието исто така потенцираше дека Република Северна Македонија го поддржува украинскиот територијален интегритет и суверенитет и редовно се придружува кон изјавите на ЕУ во врска со осудата на анексијата на Крим.
Во продолжение, Џафери изрази благодарност и за поддршката на нашата кандидатура за претседавање со ОБСЕ во 2023 година, истакнувајќи ја потребата од продлабочување на економската соработка и проширување во сите други сфери од заемен интерес.
Воедно, Зуб се заблагодари на можноста за средба со претседателот на Собранието и ги претстави членовите на Делегацијата кои доаѓаат од различни области што е индиција за интересот од воспоставување на соработка во различни сфери и затоа во рамките на посетата се предвидени и средби со министри во Владата на Северна Македонија со цел да се иницира и потпишување на спогодби и меморандуми за соработка.
Тој се заблагодари за поддршката што Република Северна Македонија ја дава на Украина за Кримското прашање, и замоли, со оглед на нивниот интерес да станат полноправна членка на НАТО, таа поддршка да биде и во таа насока.
На крајот, Џафери ја повтори поканата за посета на претседателот на Врховната рада на Украина на земјава на што Зуб одговори дека со задоволство ќе ги пренесе поздравот и поканата.