– Ни во воена состојба пратениците не се ограничени во движењето. Нивен личен став е дали ќе дојдат на седница. Јас не можам да му наредам на пратеник да не дојде на седница. Според ‘Протоколот за спроведување гласање за пратеници кои се наоѓаат во домашна изолација’, тие имаат право да дојдат и да гласаат во посебни услови утврдени со протоколот, кој е донесен во јули 2020 година, кога јас бев во болница. Како дојде Арбен Зибери да гласа за избор на Владата? Па според истиот протокол кој се применува повеќе од осум месеци, вели претседателот на Собранието.
Целиот текст на „Дојче Веле“.