Во Македонија уште во рано наутро, џагор и смеа, и дечиња облечени во сите цртани филмови и животни можеа да се забележат во градинките и училиштата.
1-ви април, Светски ден на шегата. Дечиња облечени во сите цртани филмови и животни можеа да се забележат во градинките и училиштата.
Децата низ општините во Скпоје, но и околните градови го одбележаа овој ден со секакви креативни маски.
Општина Аеродром
Детскиот џагор, насмевките и позитивната енергија се работите кои го прават Аеродром поубав. Нашата цел е на дечињата да им овозможимe средина за правилен раст и развој, простор за креативност, како и подигнување на свеста за најважните теми во општеството.
На мое големо задоволство, присуствував на првоаприлската приредба која се одржа во градинката „Сонце“, како и на централниот настан „Е-Капитолијада“ во Capitol Mall & Residence. Настани на кои најмладите имаа можност да ја покажат својата иновативност и креативност, а со изработка на индивидуални и групни маски, да испратат пораки за чиста и здрава животна средина, информираше градоначалникот Тимчо Муцунски.
Ѓорче Петров
Креативни, оргинални, одлични маски денеска продефилираа во централниот парк во Ѓорче Петров на „Априлијадата“ која ја организиравме во соработка со училиштата и градинката, градоначалникот Стојкоски ги пофали учениците.
Општина Бутел
Многу доктори, принцези, самовили, фудбалери, нинџи, пчелички, цвеќиња беа дел од уникатните детски маски кои дечињата се потрудија сами да ги изработат! Нека биде цела година исполнета со насмевки и забава! Каде што се децата, таму е и златното време!, информираа од Општина Бутел која ја предводи Дарко Костовски.
Општина Центар
Нивните маски секогаш предизвикуваат воодушевувања. Ви благодарам за убавиот ден и имајте среќен ден на шегите, напиша градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.
Општина Кисела вода
Во општина Кисела Вода, за најмладите има и бесплатен рингишпил денеска, а забава приредуваат „Поточиња“. Суперхерои, принцези, мали вештерки, мумии, бубамари, пчелки може да се сретнат со маските.