Тој нагласи дека Кина ги „изиграла“ западните земји така што тие се натпреваруваат едни против други за пристап до економските можности во таа земја.
– Ние се натпреваруваме и Кина, од време на време, не изигрува многу паметно на отворен пазарен, конкурентен начин, изјави тој во интервју за Глобал Телевизија.
Канадскиот премиер порача и дека Западот мора подобро да соработува и да биде посилен за Кина, за да ја спречи како што рече, со лукави работи да бара начини да добие предност и да ги сврти западните земји една против друга.