САД се подготвени или за дипломатија со Русија или да ги „заштитат“ своите сојузници, во зависност од одлуките на Москва во врска со Украина, изјави пред новинарите американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Тој истакна дека САД се подготвени и во двата случаја.

– Подготвени сме да постигнеме напредок на преговарачката маса… и подготвени сме да ги преземеме неопходните и соодветни чекори за да ги заштитиме нашите сојузници, да ги поддржиме нашите партнери и решително да одговориме на каква било директна агресија што може да се случи, нагласи Саливан.