Во денешниот телефонски разговор одржан „на барање на Лондон“, Џoнсон „изрази подготвеност повторно да воспостави соработка помеѓу Париз и Лондон согласно нашите вредности и заеднички интереси (клима, индо-пацифичка област, борба против тероризмот и слично)“, се наведува во краткото соопштение од кабинетот на францускиот претседател.
– Претседателот му одговори на британскиот премиер дека ги очекува неговите предлози, се додава во соопштенеито.
Разговорот се одржа два дена по разговорите меѓу Емануел Макрон и американскиот претседател Џо Бајден со кои се намалија тензиите меѓу Париз и Вашингтон поради прогласување стратешко партнерство меѓу САД, Австралија и Велика Британија на 15 септември, кое заврши со откажување на профитабилен договор според кој Канбера требаше да купи француски подморници.