Независниот академски синдикат (НАкС) нема добиено никакво официјална покана и барање од Синдикатот на УКИМ за да се приклучи кон денешниот предупредувачки протест. НАкС нема ниту детали кои се барањата на другиот синдикат, што содржи колективниот договор, па оттука и не може да го повика своето членство да се приклучи на предупредувачкиот протест.

Претседателката на НАкС, проф. д-р Елена Џукеска вели дека целиот процес на преговори кој Синдикатот на УКИМ го води на ниво на работодавач се води нетранспарентно. Тие немаат никаква информација кои се деталите од новиот колективен договор кој го предлага другиот синдикат. Иако побарале да бидат вклучени во процесот на преговори, сепак повратно не добиле никаков одговор.

За подобар општествен статус на академската заедница, НАкС заедно со СОНК продолжува да преговара со Министерството за образование, каде во тек е формирање на работна група која ќе работи на усогласување на колективниот договор со минималната плата.

Лидер: Дали НАКС има изградено синдикален став за протестот на Синдикатот на УКИМ, дали ги поддржувате протестите, дали застнувате зад барањата или продолжувате вашите барање да ги барате во соработка со СОНК и МОН?

-Ние немаме добиено никакво официјално известување од Синдикатот на УКИМ, организатор на протестот. Како Синдикат НАкС немаме добиено ништо од што би дознале всушност за што е протестот. Единствено по факултетите беше доставено едно соопштение со повик без подетални информации кои се точно барањата. Без официјални информации ние како Синдикат се разбира не можеме да изградиме став по однос на тоа прашање.

Лидер: Дали ќе се приклучите на повикот кој го испрати Синдикатот каде добро се знае дека предупредувачи се протестира за покачување на платите во високото образование?

-Да, се знае само тоа, но ништо подетално од тоа. Бидејќи не било доставено до нас официјално никакво барање, ниту било побарано да дадеме поддршка, ниту пак била побарана комуникација со нас, не можеме да се произнесеме по однос на протестот.
Со еден збор, не сме добиле ништо и не можеме да изградиме мислење за нешто што не знаеме што се бара. Деталите не ги знаеме.

Инаку ние со СОНК секако побаравме од Министерот да оформи работна група која ќе работи на тоа како да изнајде решение како да го усогласи постојниот колективен договр , што е склучен на ниво на гранка како да се усогласи со измените на минималната плата. И во очекување сме таа работна група да биде формирана и да видиме какво решение ќе се најде.
Така што тој процес е во тек и не можеме да даваме информации зошто очекуваме таа работна група да почне со работа.

Џукеска вели дека тие како НАКС побарале да бидат вклучени во процесот на преговори кој ги води Синдикатот на УКИМ на ниво на работодавач, но повратно не добиле никаков одговор.

-Ние пред повеќе месеци со СОНК доставивме барање до тој синдикат до Ректорот, да бидеме вклучени во процесот на преговори за потпишување на колективен договро на ниво на работодавач, меѓутоа не добивме никаква повратна инфорација назад. Така да воопшто немаме информација кои се барањата на тој колективен договор.

Лидер: Дали вашето членство ќе излезе на протестот?

-Ако некој сака да излезе индивидуално како вработен , ако смета дека така треба … не знам. Меѓутоа ние како Синдикат не повикуваме никого организирано , немаме детали за барањата но немаме ни официјален повик.

НАКС брои околу 300 членови. Професор Џукеска смета дека тие се репрезентативен синдикат кој може да учествува во преговори на ниво на работодавач. Но Џукеска вели дека тие биле игнорирани во тој процес кој според неа се одвива нетранспарентно, бидејќи никогаш вработените на УКИМ јавно на увид не добиле да прочитаат што содржи тој колективен договр, што нуди и за што се преговара.