Четворицата Албанци кои загинаа при уривање на скеле во Хамбург, и петтиот Албанец кој е во кома, работеле во Германија со лажни бугарски пасоши, дознава 4NEWS.mk
Еден од нив е од Македонија односно Дебар. Станува збор за Алберт Зорба (31) од Елбасан, Астрит Џека (35) од Дебар, Ружди Хоџа (33) од Кукс како и уште едно лице од Мат чие име не е објавено.
Тие биле регистрирани со бугарски документи од нивниот работодавец, кој е косовски Албанец и за кого работеле на црно. По инцидентот, косовскиот Албанец исчезнал.
Албанецот, кој е во кома, има 33 години и е од северната албанска општина Мат.