Вистинска заложничка драма се случува на аеродромот во Хамбург. Сообраќајот на аеродромот е блокиран од синоќа, откако вооружен татко, според првичните информации Турчин, киднапирал дете и возел преку бариерата на пистата.

Портпаролот на полицијата изјави дека се ангажирани полициски психолози за да комуницираат со киднаперот.

Околу 20 часот синоќа напаѓачот со својот автомобил преку капијата на аеродромот излета на пистата. Тој испукал два истрели во воздух и фрлил две запалени шишиња.

Полицијата соопшти дека смета дека мотивот бил „спор за старателството над децата“. За киднапирањето на детето полицијата ја известила сопругата на напаѓачот.

Во продолжение и видео од настанот:

Весникот „Билд“ пишува дека мажот има 35 години и е од турска националност, а детето е четиригодишно девојче.

Полицијата соопшти дека преговорите се водат на турски јазик.

Синоќа 17 летови кои требаше да слетаат во Хамбург беа пренасочени на други аеродроми. Според распоредот на летови за денеска, планирани се 286 летови.