Најмалку едно лице загина денеска кога мал авион се урна на покривот на куќа во Гандеркезе, во германската покраина Долна Саксонија.
Според полицијата, сè уште не е јасно дали жртвата бил пилотот, објавува „Билд“.
Малиот авион изгубил висина и го пробил покривот на зградата под агол, кабината на авионот била целосно уништена, крилата паднале, а делови биле расфрлани насекаде наоколу.

Постојат индикации дека во авионот имало уште едно лице кое сè уште не е пронајдено, а спасувачките екипи се обидуваат да го лоцираат со помош на беспилотни летала.
Според првичните информации, авионот полетал од аеродромот во Бремен непосредно пред падот.
