– Новиот сој ги напаѓа децата и во моментов Клиниката за детски болести станат ковид центар. Најмалиот позитивен пациент е стар месец и половина и е хоспитализиран со неговата мајка која исто така е позитивна на вирусот. Во моментов на клиниката имаме 21 дете позитивно на ковид 19.Децата кои се хоспитализирани имаат дехидрираност, малаксаност, губење на апетитот и не можат да се лекуваат во домашни услови, изјави Софијанова.
Сиптоми кај децата најчесто се покачена телесна температура, малаксаност, кашлање, главоболка, мускулна болка, болка во грлото, отежнато дишење, одбивање храна и пиење, поради што е неопходна нивна хоспитализација. Според лекарите вирусот најчесто удира врз стомакот, срцето, бубрезите и мозокот кај децата.