Музичкиот фестивал „Егзит“ во Нови Сад, Србија, годинава ќе се оддржи од 7 до 11 јули, под мотото „Заедно. Секогаш!“

На Петроварадинската тврдина пристигнуваат Келвин Харис, Ник Кејв и „Бед сидс“, Иги Азалеа, Џејмс Артур, раперот Маск’д Волф, Жу, „Сепултура“, Масео Плекс, Хани Дижон, Борис Брејча, Стефан Боџин, „АРТБАТ“, Денис Султа, диџеј Тенис, Анфиса Летјаго, Марки Рамон, „Напалм дет“, „Експлоитед“, „Блајнд чанл“, Адам Бејер Б2Б Енрико Санџулијано, Дакс Џеј, Сама ‘Абдулхади… Натаму, ќе настапи и регионален состав предводен од Констракта, Сенида, белградската панк-хипхоп група „Прти Би Ги“, Марчело, „Бркови“, Артан Лили, загрепски „Параф“, Кило Кило, Мими Мерцедес, Бојана Вунтуришевиќ, „Деца лоших музичара“, Кирил Џајковски…

Билети може да се купат на официјалната интернет-страница на фестивалот, како и на „Гигстикс“.