Во денешната експлозија во центарот на Кабул повредени се најмалку 15 луѓе.
Сè уште не е позната причината за експлозијата, а и ниту една група не презеде одговорност.
Тоа е прва експлозијата во главниот град на Авганистан по неколку месеци откако талибанците ги зајакнаа безбедносните мерки во поголемиот дел од земјата откако дојдоа на власт во август минатата година. Во кабул се поставени десетици контролни пунктови низ градот.
Најголемата закана со која се соочуваат талибанците е Исламската држава во Авганистан Хорасан (ИСИС-К), иако е поразено нејзиното упориште во источен Авганистан.