Вечерва пред полноќ се случил физички напад врз директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски – дознава Радио Лидер.

Нападот врз функционерот се случил во ресторанот “Скопски Мерак” во Дебар Маало, нешто пред 24 часот.

Од инцидентот до Радио Лидер стигна и видео.

Инаку, како што дознаваме, Бислимовски на маса седел со синот на Муса Џафери, на кој во изминатиот месец Регулаторната комисија за енергетика му ја одзема лиценцата за трговија и снабдување со електрична енергија.

Останува непознато дали нападот кон Марко Бислимовски доаѓа поради оваа одлука, која дојде во моменти на берзански шок со цените, има поврзаност со одземањето на лиценцата на фирмата на Џафери.

Веднаш по настанот интервенирала полиција. Детали следуваат утре.