Шпела Керин во посета на Македонија

Во рамки на продолжената медицинска поддршка за повредените од трагедијата во Кочани, денеска се одржа значајна средба помеѓу директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), Сашо Клековски, и Шпела Керин, врвен протетичар од Кршко, Словенија.

Керин, која важи за водечки стручњак во регионот за епитези – естетски и функционални протези за лице и раце, има над 25 години искуство и веќе изработила протези за петмина корисници во нашата земја. Нејзината посета има за цел да ја процени состојбата на повредените и да предложи соодветни решенија.

Протези по мерка, финансирани од Фондот?

ФЗОМ информира дека на состанокот било дискутирано за индивидуалните потреби на повредените, при што Керин ги објаснила можностите за изработка на специјализирани протези, кои се моделираат откако ќе заврши процесот на заздравување на кожата. Темата за финансирање била исто така отворена, при што се разгледувале позитивните искуства од Словенија и Хрватска.

Во меѓувреме, повредените ја добиваат соодветната нега.

Кочани доби ПРП терапија: Регионалната болница воведува напредна регенеративна медицина

Комуникација со израелските лекари

Клековски претходно бил во контакт и со израелската амбасадорка Симона Франкел, како и со врвните доктори од Израел кои помогнаа веднаш по трагедијата: д-р Шахар Шапира од „Шиба“ и д-р Омер Марин, директор на „Шер Зедек“ од Ерусалим.

Според Фондот, овие тимови испратиле пораки со поддршка за Кочани:

  • „Тие упатуваат поздрави до повредените во Кочани и се посветени дека ќе дојдат да помогнат веднаш штом состојбата се стабилизира. Нивната помош за Кочани никогаш нема да ја заборавиме! Продолжуваме со соработката со експерти за да обезбедиме најдобра здравствена заштита за повредените!“, стои во соопштението на ФЗОМ.