Неофицијално меѓу приведените се и синот на Сашо Мијалков, како и синот на братот на екс директорот на УБК, Влатко Мијалков, пишува порталот Фокус.

Полицијата ги сомничи двајцата братучеди од семејството Мијалкови дека синоќа во кафе бар заедно го претепале тинејџерот кој нападот го пријавил денеска. Искази ќе бидат земени и од останатите кои се во станица за да се утврдат мотивите за нападот и за инцидентот.

Во официјалната информација од МВР пак се наведува дека 19-годишно момче со иницијали И.С од Скопје ноќеска во 00.30 часот во Полициска станица Центар пријавил дека синоќа околу 21.45 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ж.К., А.М., М.К., Ф.М., С.Р. и И.С.

На социјалните мрежи се појави видео од тепачка во Скопје за која се тврди дека е поврзана со приведувањето на двајца синови на Сашо и Влатко Мијалков.

 

Видео од тепачка во центарот на Скопје, засега нема потврда дека е поврзано со тепачката поради која се приведени синовите на Сашо Мијалков.

Posted by Expres.mk on Saturday, March 27, 2021

Линк до целото видео.