Пожар избувнал во хемиската фабрика Меламин, во словенскиот град Кочевје, откако утринава околу 8.30 часот во неа се слушнала силна експлозија, информираат локални медиуми.

Служби за интервенција се на местото на несреќата, затворен е главниот пат низ Кочевје, соопштија од Полициската управа во Љубљана.

Медиуми пишуваат дека густ црн чад се кревца над градот.

Според неофицијалните податоци на Радио Словенија, експлодирал бојлер.

Од Управата за заштита и спасување информираа за над 10 повредени, едно лице се здобило со тешки изгореници.