Наќе Георгиев повеќе не е врховен судија
Експресно на итна седница на Судскиот совет беше укината функцијата врховен судија на Наќе Георгиев кој се спогоди со Обвинителството за помала казна по обвинувањата за земање поткуп.
Казна затвор
Судскиот совет констатираше престанок на функцијата согласно со законот којшто предвидува дека на судија му престанува мандатот ако меѓу другото е осуден на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци.
Земање поткуп
Наќе Георгиев се товареше дека како судија зел поткуп од 10 илјади евра за да издејствува помала казна на поранешниот градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев за шверц на цигари и марихуана, а во случајот бил вмешан и Иџет Мемети како заменик-претседател на Советот на јавни обвинители.