Продолжениот топлотен бран ја зафати Полска, поради што метеоролошката служба издаде највисоко предупредување за Варшава и за поголемиот дел од земјата. Највисоките температури се очекуваат во југоисточниот дел, каде што живата во термометрите може да достигне 40 степени Целзиусови.

Во Варшава, според прогнозите, температурата ќе се искачи до 38 степени. Истовремено, метеоролозите предупредуваат дека високите температури нема да се задржат само во текот на денот, бидејќи се очекуваат и тропски ноќи.

Поради екстремните услови, полскиот премиер Доналд Туск ги повика работодавачите, каде што тоа е возможно, да им овозможат на вработените да работат од дома.