Пандев одлучи да и стави крај на репрезентативната кариерата, додека пак на Ангеловски му завршува договорот, соработката нема да биде продолжена и ФФМ веќе назначи негов наследник-во името на Боби Милевски.

-Чест ми беше да ги делам овие пет години со две вакви легенди на македонскиот фудбал и голема благодарност што ја направивте горда цела Македонија. ЕП беше едно големо искуство и се надевам дека во иднина ќе има уште вакви успеси. Благодарам на поддршката на целиот македонски народ, -напиша Елмас на „Инстаграм“.