– Доаѓаме од мала држава и ова е нешто големо за целиот народ, Ако јас се прашувам, Македонија може да направи големи работи на Европското првенство. Ќе докажеме дека не се пласиравме случајно. Знаме со кои противници играме и не се плашиме. Јас сум секогаш оптимист и одиме на Европското првенство со цел да ја минеме групната фаза и да стигнеме што подалеку, изјави попладнево Елмас.

Македонската репрезентација е во групата Ц на Еуро 2020 во која прв противник ќе им биде Австрија на 13 јуни, пред пресметките со Украина и Холандија.